Вкупно 134 проекти во 72 општини ќе поддржи Владата преку Програмата за рурален развој. За оваа намена се предвидени 17 милиони евра што е највисока поддршка досега за локалната самоуправа, и по обем и по квалификации. Како што информираше портпаролот на Владата, Александар Ѓорѓиев оваа сума е за пет пати поголема од минатите години. Сите 72 општини што аплицираа на јавниот повик, независно од политичката припадност на градоначалникот или етничката структура на населението, добија поддршка за еден, а некои и за два или три проекта колку што беше максималниот лимит. Со ова Владата уште еднаш покажа полна транспарентност и јасна реализација на политиката на отворени врати, изјави денеска портпаролот.
Вкупно 134 проекти во 72 општини ќе поддржи Владата преку Програмата за рурален развој. За оваа намена се предвидени 17 милиони евра што е највисока поддршка досега за локалната самоуправа, и по обем и по квалификации.
Како што информираше портпаролот на Владата, Александар Ѓорѓиев оваа сума е за пет пати поголема од минатите години.
- Сите 72 општини што аплицираа на јавниот повик, независно од политичката припадност на градоначалникот или етничката структура на населението, добија поддршка за еден, а некои и за два или три проекта колку што беше максималниот лимит. Со ова Владата уште еднаш покажа полна транспарентност и јасна реализација на политиката на отворени врати, изјави денеска портпаролот.
Директорот на Платежната агенција Тони Димовски, истакна дека со оглед на тоа што 100% од парите се покриени од Програмата за рурален развој, 20% од средствата се очекува да бидат авансно исплатени до крајот на годината, а останатите по реализација на проектите во 2014 и 2015 година.
Врз основа на објавениот повик за мерките - подобрување на квалитетот на живот во рурални средини, обнова и развој на селата и зачувување и унапредување на традиционалните вредности во руралните подрачја, од општините пристигнале вкупно 174 барања за финансиска поддршка.
- Проектите главно опфаќаат инвестиции во изградба на локална патна инфраструктура, вклучително и мостови, поврзување две или повеќе села во должина до пет километри, поврзување села со регионален пат или населено место во должина од седум километри, водоснабдителни и канализациски системи во села до 1.500 жители, вложувања во објект за продажба на земјоделски производи и добиток, изработување урбанистички планови, изградба и реконструкција на селски улици во должина од еден километар, плоштади и шеталишта во рурални средини, патишта до излетнички места и нивно уредување, како и означување културни и природни знаменитости, рече Димовски и додаде дека веќе се почнати јавните набавки за планираните инвестиции.